Телеком ја воведува стриминг платформата Глеј на Макс ТВ
Македонски Телеком ја збогатува својата понуда на Макс ТВ со содржините на првата македонска стриминг платформа Глеј (GLEY).
Во рамките на Макс ТВ со Глеј корисниците ќе можат да ги следат најновите домашни, регионални и светски филмови и серии, како и детска програма којашто е комплетно синхронизирана на македонски и албански јазик.
Единствено во Телеком, платформата Глеј ќе биде достапна за следење директно преку Макс ТВ приемникот, без потреба од дополнително инсталирање софтвер, прилагодувања или регистрација. Исто така, Макс ТВ корисниците ќе имаат пристап до комплетниот каталог на Глеј содржините, достапни во делот видеотека/пакети (Video On Demand/Subscriptions).
За да ја користат услугата, корисниците треба да го активираат Глеј пакетот преку Maкс ТВ приемникот, во делот за активирање пакети: Мени/ТВ Пакети, или преку апликацијата Телком МК.
Активирање, секако, е возможно и со повик во контакт центарот на 122 или во која било Телеком продавница. Глеј стандард пакетот преку Македонски Телеком е достапен по намалена цена од 299 денари и пробен 7-дневен период без надомест..
Корисниците коишто ќе активираат Глеј пакет, освен пристап до содржините на Maкс ТВ уредот, ќе имаат можност да ја користат услугата и на уште 2 смарт уреди истовремено (компјутер, смарт ТВ, лаптоп или смартфон) без дополнителна доплата, преку www.gley.tv или апликацијата Gley, којашто е достапна за Android и iOS корисниците.
Услугата е достапна и за сите Телеком корисници на фиксни и мобилни услуги коишто немаат вклучено ТВ услуга, а кои ќе можат да ја следат содржината на Глеј само преку смарт ТВ, лаптоп, компјутер, таблет или смартфон.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…
Во Хрватска е уапсен е градежен работник…
Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен…
360 степени: (Не)скриени актери во Македонија потпалуваат…
Повеќе интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик…
Сиљановска: Убедени сме дека Македонија има многу…
Билатералните односи меѓу Македонија и Индија да…
Мицкоски за инвестициите во дата центри: Ние…
Се обидуваме да ја развиваме државата, да…