Телефонски разговор Петровска –Дендиас, Македонија подготвена да ѝ помогне на Грција за пожарите
Министерката за одбрана на
Македонија Славјанка Петровска во телефонски разговор со нејзиниот грчки колега Никос Дендиас ја изразила подготвеност на нашата земја да ѝ помогне на Грција во справувањето со пожарите, јави дописничката на МИА од Атина.
.
За телефонскиот разговор министрите вечерва информираа преку социјалните мрежи.
-Во телефонски разговор со мојот грчки колега Никос Дендиас, изразив подготвеност да помогнеме во справувањето со пожарите кои го имаат зафатено нашиот сосед и сојузник во Алијансата. Се согласивме дека како соседи, но пред сѐ како пријателски и сојузнички земји, многу е важно взаемно да си помагаме, напиша на Фејсбук министерката Петровска.
Дендиас, преку Твитер информираше дека имал телефонски разговор со Петровска во кој го информирала „за подготвеноста да се пружи помош на земјата за справувањето со разорните пожари“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пукање во Ѓорче Петров – нападнат 23-годишник
На 10.11.2026 околу 05:30 часот во СВР…
Американските пратеници Кушнер и Виткоф пристигнаа во…
Американските пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф…
Над 136 илјади туристи ја посетиле Македонија…
Вкупно 136.305 туристи се евидентирани во земјава…
Клиентите на Алта банка Србија можат да…
Банка Поштанска штедионица соопшти дека клиентите на…
Денес се празнуваат Светиот свештеномаченик Зиновиј и…
Од градот Егеј во Киликија. Вистинската вера…