Никола Димитров ќе го олеснува дијалогот Скопје-Софија
Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров ќе го олеснува дијалогот меѓу Скопје и Софија, за да се деблокира европскиот пат на Македонија, јавува Телма.
Како што дознава Телма, Димитров е ангажиран од Регионална тинк-тенк организација, поддржана од една западна земја. Организацијата во својата мрежа ангажира повеќе експерти од Европа, светот и Македонија, а предводник на овој тим е Никола Димитров.
Целта на тимот е да ја олесни комуникацијата меѓу владите на Скопје и Софија во обид да се најде решение на блокадата на почетокот на преговорите меѓу Македонија и Европската Унија.
Сличен ваков ангажман Димитров имаше и пред две години кога се правеа дипломатски напори меѓу Приштина и Белград кога се правеа напори за нормализирање на односите меѓу Србија и Косово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тело на новороденче пронајдено во замрзнувач во…
Шпанската цивилна гарда истражува откако телото на…
Родителите на загинатите во „Пулс“ ќе достават…
Родителите на загинатите деца во дискотеката „Пулс“…
Тинејџер од Кочани украл електричен тротинет, па…
На 06.11.2026 во 19:00 часот во Скопје,…
Клековски: Се усогласува законодавството за дроги со…
Министерството за здравство спроведува две клучни мерки…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…