Објавено на:

Тело за човекови права на ОН ја продолжи истрагата за можни руски злосторства во Украина

t

Советот за човекови права на Обединетите нации денеска гласаше за продолжување на мандатот на Независната меѓународна истражна комисија за Украина, која ги истражува можните воени злосторства извршени од Русија за време на војната во Украина.

За продолжување на мандатот на Комисијата за една година гласаа 28 земји, додека 17 беа воздржани и две гласаа против.

Украина смета дека работата на оваа комисија „е од суштинско значење за Русија да одговара за злосторствата што ги направила“.

– Размерите и бруталноста на руските злосторства во Украина едноставно се надвор од секое човечко поимање, изјави пред гласањето во Советот украинската амбасадорка во ОН во Женева, Евгенија Филипенко.

Таа додаде дека цврсто верува оти продолжувањето на работата на Комисијата за понатамошно истражување, документирање и известување за кршење на човековите права и меѓународни злосторства извршени врз луѓето во Украина може да спаси повеќе невини животи и да придонесе за докажување одговорност за сторителите и правда за жртвите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вероника Консевиќ обезбеди бронза за Македонија во…

Македонија освои уште еден медал на Медитеранските…

Србија набавува офанзивно оружје, тоа треба да…

Европа мора да ја зајакне сопствената безбедност…

Зеленски: Велика Британија и Франција го деблокираа…

Украинскиот Претседателот Володимир Зеленски денес изјави дека…

Елмас официјално претставен во дресот на Аталанта:…

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вечерва на…

Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…

Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…