Објавено на:

Тело изгорело во колиба, пронајдена и трета жртва од пожарите во Грција

t

Бројот на жртвите од катастрофалните пожари кои со денови беснеат на грчките острови се искачи на три, откако беше пронајдено телото на мажот кој беше пријавен за исчезнат.

Државната телевизија ЕРТ објави дека телото на 41-годишен сточар е пронајдено изгорено во колиба лоцирана во тешко пристапна област на островот Евија, пренесува Ројтерс.

Претходно, грчкото воздухопловство соопшти дека двајца пилоти, на возраст од 34 и 27 години, загинале кога нивниот противпожарен авион Canadar CL-215 се урна вчера на островот Евија, источно од Атина.

„Овие три жртви се првите откриени и регистрирани смртни случаи во пожарите кои веќе една недела беснеат на грчките острови“, изјави премиерот Киријакос Мицотакис и предупреди на тешки денови во борбата со огнената стихија.

Стотици грчки пожарникари со помош на колеги од Турција и Словачка се борат со пожарите кои од средата беснеат на островите Родос, Крф и Евија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британија привремено го повлекува целиот персонал од…

Велика Британија соопшти дека привремено го повлекува…

Босна и Херцеговина привремено ги затвора амбасадите…

Заедничките институции на БиХ започнаа подготовки за…

Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…

Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…

Рокас без предвидување за извештајот на ЕП:…

Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека не може…

Просечната нето плата во април 45.452 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…