Тело на италијански државјанин извадено од море во Хрватска
По еднодневна потрага во морето во близина на пристаништето Новиград, пронајдено е телото на 71-годишен италијански државјанин, кој во петокот поради невреме падна од едрилица, јавија денеска хрватските медиуми.
Телото на загинатиот го забележала екипажот на туристичкиот брод.
Известувањето за исчезнување на машко лице по пад од едрилица во морето, кај Новиград во Истра, било пријавено кај службениците на Капетанијата на пристаништата во Пула во петокот околу 16 часот и 15 минути, по што е започната координирана потрага по исчезнатото лице, а за инцидентот е известена поморската и аеродромската полициска станица Пула.
Интензивна површинска потрага по исчезнатите е извршена во поширокото водно подрачје на Новиград, со два брода на Капетанијата на пристаништето во Пула, еден полициски брод, еден брод на Капетанијата на пристаништето во Пула и два приватни чамци.
По прегледот на телото, судскиот вештак утврдил дека причина за смртта е давење, а надлежното обвинителство нареди обдукција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Косовски државјанин приведен во Македонија: Превезувал стока…
Полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни…
Тело на италијански државјанин извадено од море…
По еднодневна потрага во морето во близина…