Тел Авив падна од тронот: Ова се најскапите градови за живеење

t

Њујорк и Сингапур се најскапите градови за живеење во светот во 2022 година, бидејќи зголемените цени на енергијата ја удвоија стапката на инфлација во светските главни градови, според годишното истражување на Economist Intelligence Unit (EIU).

Минатогодишниот лидер – Тел Авив падна на третото место, додека Сиднеј влезе во топ 10, а Москва и Санкт Петербург од Русија, се искачија за дури 88 места бидејќи санкциите и растот на цената на нафтата ги зголемија цените, според извештајот за трошоците на животот на EIU, пренесува „Гардијан“.

На листата на најскапи градови паднаа градовите во земјите каде што националната валута ослабе. Токио и Осака завршија на 37. и 43. место, соодветно, во споредба со 13. и 10. место каде што беа во 2021 година.

Најмногу паднаа Стокхолм и Луксембург за по 38 места – на 99 и 104 место.

Дамаск во Сирија и Триполи во Либија ги задржаа „титулите“ на најевтини градови во истражувањето.

Поставувањето на Сингапур на врвот на индексот не беше изненадување, според Гардијан. Тој е вториот најскап град во 2021 година и е број еден во осум од изминатите 10 години. Оваа година е првпат Њујорк да биде рангиран како најскап град за живеење.

Три градови во Велика Британија паднаа на рангирањето. Лондон сега е 28-ми, за разлика од 17-тото место во 2021 година. Единбург падна од 27-то на 46-то, додека Манчестер е 73-ти најскап град, за разлика од минатата година на 41-то место.

Австралиските градови се искачија на ранг-листата. Мелбурн сега е 15-ти, од 16-тото минатата година, додека Бризбејн напредуваше четири места на 32-то место.Перт падна за две места на 73-тото место.

Глобалниот пораст на инфлацијата се забрзуваше пред војната во Украина да предизвика прекини во снабдувањето со клучни производи, особено храна. Последователните санкции против Русија предизвикаа дополнително зголемување на цените на нафтата, гасот и другите енергетски производи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Започната е специјална операција против Хутите во…

Покрената е мултинационална операција за заштита на…

(Видео) Се испотепаа демонстрантите на “Србија против…

На протестот на листата "Србија против насилство"…

Највисокиот дипломат на ЕУ го критикува Израел…

Западен Ерусалим покажа „ужасен недостаток на дистинкција“…

Шаќири не е задоволен од ПИСА резултатите

Резултататите од истражувањето на меѓународната студија ПИСА…

Сунак: Премногу цивили се убиени во Газа!

Британскиот премиер Риши Сунак денеска изјави дека…