Тендерски маки: Еден од најголемите загубари во државава ќе даде свои хигиеничари и ќе плати 1,2 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЧИСТЕЊЕ!
Македонски пошти се редат во низата сомнителни и нелогични тендери кои во државава се случуваат и на локално и на централно ниво.
Според податоците објавени на сајтот за јавни набавки, Пошта на тендер избрала фимра на која ќе плати 1,2 милиони евра за чистење и одржување хигиена за период од две години. При тоа таа фирма ќе ангажира вработени кои сега работат во самото претпријатие, а нема да смее да им плати помалку од минимална плата.
„Македонска пошта“ тоне во загуби. И покрај приходот од 17 милиони евра, минатата година ја завршила со речиси 500.000 евра поголем минус од 2021-та, односно со 3,74 милиони евра.
За да биде иронијата поголема вреди да се спомене дека Владата редовно ја крпи финансиската дупка што ја прави Пошта речиси секоја година. За претходните две години компанијата направи загуба од 6,6 милиони.
Скопската компанија „Стед-комерц“ ќе ја одржува хигиената во 16 деловни единици на државната компанија Пошта за период од 2 години за тие услуги ќе наплати до 1,2 милиони евра (со вклучен ДДВ). Во конкуренција на три компании за чистење „Стед Комерц“ дала најниска понуда која е пониска од почетната цена за 70.000 евра.


Поразително е тоа Пошта што ќе плати пари за чистење, а истовремено ќе отстапи и свои вработени – хигиеничари на фирмата што ја дава услугата бидејќи тоа е регулирано во договорот.
Пошта е еден од најголемите државни загубари, претпријатие кое е познато по низата скандали со доделување на бонуси на раководителите додека вработените не земале плата.
Вработените во Македонски пошти летово организираа протести на кои бараа исплата на заостанатите плати, а и зголемување на постоечките.
Владата донесе низа мерки со кои треба да се подобри работата на претпријатието, финансиската состојба сигурно нема да се подобри со фрлање пари за вакви милионски тендери.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Освен Богоев, приведени се и три други…
Ексградоначалникот на Општина Карпош и поранешен директор…
Кривична пријава за градоначалникот на Врапчиште: Исплатени…
Градоначалникот на Врапчиште Исен Шабани доби пријава…
Исплатена платата на вработените во Пошта!
Синдикатот на „Македонска пошта“ преку соопштение до…
Димитријевиќ: Свиркач открива шема за пумпање пари…
Граѓаните се вклучија во борбата против корупцијата…
Владата ќе донира 100 нови комби возила…
Работиме за Македонска пошта како државна пошта…