Тензии на протестот во Софија, интервенираше полицијата
Демонстрантите претходно со силни извици и свирежи ги испратија пратениците од опозициската екстремистичка партија Преродба, во моментот кога тие го напуштија парламентот
На протестот што денеска попладне и вечерва се одржа пред Народното собрание на Бугарија дојде до тензична атмосфера, јави бугарската Нова ТВ.
Тензиите настанаа меѓу присутните граѓани, по што полицијата мораше да интервенира и да употреби сила за да ја разбие толпата. И покрај тензичната атмосфера, немаше сериозни несреќи и повредени.
Демонстрантите претходно со силни извици и свирежи ги испратија пратениците од опозициската екстремистичка партија Преродба, во моментот кога тие го напуштија парламентот. Меѓутоа, јавува Нова ТВ, полицијата успеала да ја смири ситуацијата.
Протестот во Софија се организираше за поддршка на Никола Минчев кому денеска му беше изгласана недоверба на функцијата претседател на парламентот. За неговото разрешување опозициските ГЕРБ, ДПС и Преродба, како и партијата Има таков народ (ИТН), која реши да ја напушти владејачката коалиција.
Покрај пратениците од Преродба, свирежи од демонстрантите доби и координаторот на пратеничката група на ИТН, Тошко Јорданов, кој сакаше да разговара со нив.
За разлика од нив, поддршка добија премиерот Кирил Петков, разрешениот Минчев, вицепремиерот ицепремиерот Асен Василев, од претседателката на БСП и коалициска партнерка Корнелија Никова. Тие излегоа пред демонстрантите и одржаа говори порачувајќи дека и во оваа ситуација ќе победат и ќе ја поразат мафијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Нашиот Устав нуди апсолутно сериозна заштита…
Политиката се темели на разговори. Јас сум…
СОСЕДИТЕ ПРОФИТИРААТ ИАКО РУДАРСТВОТО ИМ СТАГНИРА –…
Бугарија минатата 2025 година произвела руда во…
Минималната плата во Бугарија во 2027 година…
Минималната плата во Бугарија за 2027 година…
Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради…
Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони…
Во Пловдив уапсени 18 лица поврзани со…
Вкупно 18 лица поврзани со меѓународната неонацистичка…