Тензично во Северна Митровица: Возила со КМ таблички на улиците
Рокот на косовската влада за пререгистрација на возила од таблички од КМ во РКС истекува денеска.
Улиците на Северна Митровица и утринава беа полни со автомобили со таблички издадени од Министерството за внатрешни работи на Србија.
Она што граѓаните најчесто го кажуваат е дека не ги следат изјавите на функционерите од Приштина, туку она што им го кажува официјален Белград.
Стојаноски: Ковачевски и Бектеши вчера прифатија дел од предлог-мерките…
ВМРО-БНД го спречи положувањето цвеќе пред споменикот на Гоце…
Од друга страна, атмосферата во Северна Митровица сепак е тензична бидејќи во градот се присутни голем број новинари и сниматели, а граѓаните кои минуваат велат дека ова е сценарио кое укажува дека се подготвува уште една приштинска акција.
Според официјалните податоци на косовската полиција, досега се пререгистрирани само 20 возила со таблички РКС од вкупно 9.000 за кои се проценува дека постојат.
Рокот за пререгистрација истекува денеска, а како што најави косовскиот премиер Курти, потоа од 1 до 21 ноември ќе се издаваат опомени, па од 21 ноември во период од два месеца, до 21 јануари полицијата ќе пишува казни од 150 евра.
„Потоа од 21 јануари ќе имаме пробни таблички уште два месеци. Од 21 април не може да се дозволуваат други регистарски таблички“, рече Курти.
Србите се решени да не попуштат под овој притисок и остануваат посветени да не ги менуваат регистарските таблички.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Утринско пукање во Арачиново: Две лица застрелани…
Две лица се повредени во пукање во…
ВРЕДИ: Ахмети молчи, Ислам Абази ја затвори…
По вчерашната реакција на ВЛЕН, очекувавме одговор…
УХМР предупредува: Утре попладне локално невреме со…
Утре во попладневните часови се очекува локална…
Десет активни пожари низ Македонија и два…
На ден 23.08.2026 година, до 13:00 часот,…
Со пиштол ограбена обложувалница на Бит-пазар
Разбојник со пиштол ограбил спортска обложувалница на…