ТЕНЗИЧНО ПРЕД КОЧАНСКАТА БОЛНИЦА Родители со жив штит не даваат телата на загинатите деца да се носат на обдукција во Скопје

t

Огорчените родители кои во пожарот ги изгубија своите најблиски не дозволуваат телата да бидат однесени за дополнителна обдукција во Скопје, барајќи веднаш да им бидат предадени за да можат да ги подготват погребите.
Родители на загинатите деца спонтано го блокираа влезот на болницата во Кочани и се спротивставија на одлуката телата на жртвите од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ да бидат транспортирани во Скопје на Судска медицина.

Како што пренесува Дојче веле, атмосферата пред кочанската болница е исклучително тензична. Огорчените родители кои во пожарот ги изгубија своите најблиски не дозволуваат телата да бидат однесени за дополнителна обдукција во Скопје, барајќи веднаш да им бидат предадени за да можат да ги подготват погребите.

Во пожарот што избувна изминатата ноќ во дискотеката „Пулс“ животот го загубија 59 лица на возраст од 14 до 25 години, главно жители на Кочани.

– Цел свет разбра зошто умреа и како умреа. Што ќе седиме уште тука? Децата не ги даваме – револтирано реагираат родителите, кои направија жив штит пред влезот на болницата.

Пред болницата има засилено полициско присуство, а присутна е и обвинителка од Скопје која на родителите им ја објаснува законската процедура и потребата од дополнителната обдукција.
Во меѓувреме, неколкумина родители заминаа на разговор со претставници од надлежните институции со цел да најдат заедничко решение и договор за понатамошните постапки.

Претходно, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски рече дека мора да се изврши обдукација на секое починато лице.

– Починати лица има во повеќе болници. По идентификацијата ќе бидат однесени на одбукција во Скопје – рече тој.

Во Општата болница во Кочани веќе пристигнаа триесетина возила од погребните претпријатија и од АРМ, кои треба да ги транспортираат телата на загинатите на обдукција во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Седум бебиња родени за два дена во…

Кочани добива ретко убава и позитивна вест…

Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…

Во Хрватска е уапсен е градежен работник…

Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен…

360 степени: (Не)скриени актери во Македонија потпалуваат…

Повеќе интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик…