Тензијата расте: Денеска се отвара бугарскиот клуб “Цар Борис Трети” – Левица повика на масовен протест
Денеска во 12 часот во Охрид е закажан почетокот на церемонијата за отварање на уште еден бугарски клуб, овојпат со името на докажаниот соработник на нацизмот, Цар Борис Трети.
Организаторите на церемонијата упатија и поана до сите заинтересирани да присуствуваат на отварањето.

Левица пак организира протест во знак на револт на отварањето на Клубот. Од локалниот огранок на Левица во Охрид повикаа на масовни протести:
– Левица – Охрид ја повикува целокупната здраворазмуна јавност на протест против уривање на уставниот и државен поредок на Република Македонија и против разгорувањето на национална омраза! Да го зачуваме достоинството на македонската нација и споменот на македонските антифашистички борци и да не дозволиме рушење на интегритетот на државата! На 7-ми октомври (петок) со почеток од 11:30 часот на улица „Македонски Просветители“, пред ТЦ Амам – Охрид, да се мобилизираме и да го искажеме нашиот антифашистички порив.
Не за славење на крвници на македонската нација и не за воздигнување на непријателите на човештвото! Не за бугарскиот Хитлер!, се вели во партиското соопштение на Левица- Охрид, од каде уште велат дека најстрого го осудуваат отворањето на овој клуб во Република Македонија и премолчувањето од страна на Владата која директно ја подржува рехабилитацијата на фашизмот, велат од Левица Охрид.
МНР пак вчера повика на рзумно однесување и почитување на правото на здружување.
Екипата на Инфомакс денеска ќе биде во Охрид, а преносот во живо од протестите и отварањето ќе може да го следите на официјалната Фејсбук страна на Инфомакс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Три години се крши Законот за…
На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена…
СДСМ: Левица повторно ја игра улогата на…
Соопштение на СДСМ Левица најави дека во…
Левица: Ако за нешто треба да се…
Не се точни изјавите на Мицкоски дека…
Левица бараше една изборна единица и укинување…
Обвинувањата на ДПМНЕ за Левица се трагикомични.…
ВМРО-ДПМНЕ: Венко Заев и Апасиев се обединија…
ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДС и Левица со…