Тепале деца за пари, зет си тепал дедо, вујко тепал внука, а маж нападнал жена, се разведувале

t

МВР информира за тепачки низ целата држава по разни причини. Погледнете во билтенот на МВР кој за што физички се пресметувал:

-Денеска (20.04.2024) во 00.05 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Карпош го привеле С.К.(29) од Република Србија затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

-На 19.04.2024 во 19.30 часот во СВР Куманово, Ф.С.(45) од Куманово пријавил дека околу 13.45 часот пред средно училиште во Куманово, неговиот малолетен син бил физички нападнат од Ф.О. и уште три лица, кои употребиле и остар предмет и му нанеле повреда. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

-На 19.04.2024 во 13.58 часот во СВР Скопје, С.Ј.(36) од Скопје пријавила дека во основното училиште во кое учел, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од вработената И.Н.. СЕ преземаат мерки за расчистување на случајот.

-На 19.04.2024 во 12.11 часот во СВР Скопје, 27-годишна девојка од Скопје пријавила дека на 18.04.2024 на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот вујко Д.Ј. од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

-На 19.04.2024 во СВР Скопје, 42-годишна жена од Скопје пријавила дека на 15.04.2024 на работното место во основно училиште на подрачјето на Шуто Оризари била физички нападната од нејзиниот сопруг С.С.(41) од Скопје, со кого е во бракоразводна постапка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

-На 19.04.2024 во 16.34 часот во СВР Скопје, 81-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 16.15 часот во својот дом на подрачјето на општина Аеродром во Скопје бил физички нападнат од неговиот зет Н.З. од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

-На 19.04.2024 во 20.42 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Љ.Г.(53) и П.К.(34), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

-На 19.04.2024 во 21.30 часот во СВР Скопје, Х.В.В.(36) од Скопје пријавила дека во периодот од 17.30 до 19.00 часот во двор на основно училиште во с.Јурумлери, скопско, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

-На 19.04.2024 во 21.52 часот во Полициската канцеларија Старо Нагоричане, М.М.(51) од с.Добрача, општина Старо Нагоричане, пријавил дека на 18.04.2024 во с.Драгоманце, општина Старо Нагоричане, бил физички нападнат од Б.Д. од Скопје, со престој во истото село. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

-На 19.04.2024 во 11.20 часот во СВР Скопје, Д.Д. од Скопје пријавил дека околу 11.10 часот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје три лица физички го нападнале неговиот син Д.Д.(19) и му одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

-Денеска (20.04.2024) во СВР Скопје, А.Ј.(49) и Г.М.(50), двајцата од Скопје, пријавиле дека околу 22.55 часот во Градски парк во Скопје, неколку лица со закана од нивните малолетни синови одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

-На 19.04.2024 во 11.30 часот во СВР Штип, К.М.(60) од Струмица пријавил дека околу 12.30 часот во Штип бил физички нападнат од три лица, кои му одзеле пари и лични предмети, а кои како такси возач ги возел од Струмица до Штип. Според пријавеното, лицата употребиле и метален предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп го обвини Бајден дека раководел со…

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп го обвини…

Ковачевски: Повикуваме на општа мобилизација на сите…

„Иднината на Македонија е во Европската Унија,…

(Видео) Венко Филипче и Благој Бочварски возеа…

Венко Филипче и Благој Бочварски возеа по…

Ристовски во Шуто Оризари: Да ја сопреме…

Носителот на листата во ИЕ2 на Коалицијата…

Ковачевски: Нема откажување, СДСМ заедно со граѓаните,…

На вечерашниот митинг одржан во Струмица, претседателот…