Објавено на:

Тепаната ученичка од гимназијата „Јосип Броз Тито“ и натаму трпи тортурa

t

Едно од девојчињата што претепаа 15 годишна соученичка од скопската гимназија „Јосип Броз Тито“ кај грчкиот конзулат, иако доби педагошка мерка опомена пред исклучување, денеска на социјалните мрежи објави видео каде се гледа помодреното око на тепаната врсничка, здобиено од инцидентот.

Семејството на жртвата денеска пријавила во полиција дека нивната ќерка продолжува да биде предмет на потсмев и психичко изживување, објави Канал 5. Инаку судењето за овој случај е закажано за 2 април, но ќе биде затворено за јавноста поради тоа што се работи за малолетници.

Инаку, пред две недели, таткото на на девојчето кое го објави денешното видео на билборд пред средното училиште објави порака со содрижина ПРАВДА, откако неговата ќерка доби укор пред исклучување од гимназијата заради учество во физичката пресметка.

Во истиот период, од група професори и директорката од училиштето родителот беше пријавен за вознемирување заради донесната санкција кон неговата малолетна ќерка, тој пак негираше дека вршел какво било вознемирување врз вработените на училиштето.

Инаку пред две недели беше објавено дека после инцидентот, девојчето во делокругот на училиштето пред сведоци се обратила кон соученичката нејзина жртва со зборовите ,,Дај да ти го сликам модрото око”. Ова била причината што наставничкиот совет изрекол едногласна педагошка мерка опомена пред исклучување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

КРИВИЧНА ПРИЈАВА за поранешниот градоначалник на Ѓорче…

Одделот за криминалистичка полиција спроведе предистражни дејствија…

(Видео) Две страшни сообраќајки се случија ноќеска…

Две сообраќајки се случија ноќеска во Скопје,…

Скопјанец доби кривична пријава: Пронајдени куршуми во…

ОСОСК поднесе кривична пријава против Ф.С. (34)…

Прегазен струмичанец во Скопје, со тешки повреди…

Четириесет и седумгодишен струмичанец е тешко повреден…