Тепачка во месен комитет Варош во Прилеп – Натепан пратеник на ВМРО-ДПМНЕ?!
Инфомакс од свои извори високо во структурите на ВМРО-ДПМНЕ дознава дека пред неколку дена е натепан пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп.
Според нашите информации веќе подолго време растат тензиите во Општинскиот Комитет во Прилеп поради огромните несогласувања околу тоа кој треба да биде кандидат за градоначалник за престојните локални избори. Информациите на Инфомакс велат дека речиси е сигурно дека Борче Јовчевски нема да се кандидира за втор мандат поради нискиот рејтинг и неуспехот да ја реализира својата предизборна програма.
Најсериозни кандидати во моментов се поранешниот градоначалник на Прилеп, Марјан Ристески кој во моментов е заменик министер за економија, а негов најсериозен конкурент е досегашниот претседател на Општински комитет и пратеник во Собранието на Република Македонија, Дејан Продановски.
Нашите информации говорат дека Продановски е фаворизиран од долгогодишниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески попознат под прекарот Пеката. И двајцата се неомилени помеѓу членството поради ароганцијата и наводите за корупција пред се при партиски вработувања, односно поради тврдењата дека земале пари од членовите на ВМРО-ДПМНЕ за истите да ги вработат по државни институции.
На еден од последните состаноци на Општинскиот комитет во Прилеп, Пеката соопштил дека токму Продановски ќе биде кандидат за градоначалник на престојните избори и дека нема да дозволи никој друг да конкурира за оваа позиција.
Ова наишло на огромно негодување од членството на ВМРО-ДПМНЕ кое кон Пеката и Продановски гледа како обични опортунисти без идеологија.
Кавгите за тоа кој ќе биде кандидат за градоначалник ескларирале во последните неколку денови и резултирале со физичка пресметка во еден од најголемите месни комитети на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, МК Варош.
Според очевидци и високи партиски извори во текот на вчерашниот ден при состанок во МК Варош, претседателот на ОК Прилеп и пратеник, Продановски бил и физички нападнат од членовите на ВМРО-ДПМНЕ кои буквално го фатиле за гуша. Продановски затечен од ситуацијата побегнал од штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп.
Во очи на локалните избори ваква е ситуацијата по речиси сите штабови на ВМРО-ДПМНЕ ширум Македонија, огромни се апетите на среброљубците да се дочепаат до градоначалнички места имајќи во предвид дека незадоволството од градоначалниците избрани во 2021 од ВМРО-ДПМНЕ е големо, па се очекува дека ширум Македонија во голем број општини власта ќе истрча со нови кандидати.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Млада битолчанка со остар предмет го нападнала…
Вчерашната вечер не се покажала како празнична…
Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…
„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…
Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…
Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…
Трајко Славески за лошите резултати на учениците:…
Во објава на социјалните мрежи, актуалниот гувернер…
Од сабота „Безбеден град“ и во Велес
„Безбеден град“ од сабота, 12 септември, почнува…