Тепачка меѓу навивачите на Работнички и МЗТ во Аеродром, има повредени
Физичка пресметка меѓу навивачките групи „Сити Парк Бојс“ и „Фемили“ се случила вечерва пред спортскиот центар „Јане Сандански“ во скопската населба Аеродром. Во инцидентот има повредени лица, објави SportSport.mk.
Според информациите на порталот, навивачите на „Сити Парк Бојс“ дошле да го бодрат Работнички на натпреварот против Скопје, но непосредно пред почетокот на средбата биле пресретнати од навивачите на МЗТ Скопје, „Фемили“.
Двете групи физички се пресметале, при што имало и посериозно повредени лица. На местото пристигнале екипи на Брзата помош, кои ги пренеле повредените во Ургентниот центар, како и поголем број полициски службеници.
Според истиот извор, по инцидентот во салата било засилено обезбедувањето.
Претходно, видеоснимки од пресметката се појавија во медиумите и на социјалните мрежи. Засега нема официјални информации од МВР за бројот на повредени и околностите под кои се случила пресметката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тепачка меѓу навивачите на Работнички и МЗТ…
Физичка пресметка меѓу навивачките групи „Сити Парк…
Техеран тврди: Саудискиот министер за одбрана предупредил…
Иранскиот шеф за национална безбедност, Мохсен Резаи,…
Тврдења за обид да се спречи слетувањето…
Во Полска се појавија медиумски тврдења дека…
Масовна тепачка пред СЦ „Јане Сандански“во Аеродром,…
Масовна тепачка вечерва се случила на крстосницата…
Русите имаа огромни суми пари кај нас:…
Работата на Алта банка по изборите беше…