Тепачка по мечот меѓу Струга и Гостивар
Денешното коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) беше проследено со серија инциденти и реакции кои ја засенија спортската страна на настаните. Натпреварите завршија со бурни сцени, а атмосферата на терените беше далеку од мирна.
Најпрво, екипата на Воска Спорт го прекина натпреварот против Вардар, откако играчите решија да го напуштат теренот на околу петнаесетина минути пред крајот, при резултат 1-1. Причината беше незадоволство од судиската одлука по спорната ситуација што претходеше на голот на Вардар.
Најдраматично, сепак, беше по завршувањето на натпреварот меѓу Струга Трим Лум и Гостивар, каде дојде до физичка пресметка. На видеоснимките кои се појавија на социјалните мрежи, може да се забележи како во конфликтот се вмешуваат не само фудбалери и членови на стручните штабови, туку и лица кои не се официјално дел од клубовите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Министерството за здравство го осудува насилството врз…
Министерството за здравство најостро го осудува инцидентот…
Стотици училишта во Германија и во Данска…
Повеќе од 450 училишта ширум Германија денеска…
Пожар во стан на Бит Пазар, сопственикот…
На 22.11.2026 во 11:00 часот во СВР…
Тошковски: Формиран Национален комитет за заштита на…
Во Скопје денеска се одржа конститутивниот состанок…
Зеленски повторно побара Украина да стане членка…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска преку…