Објавено на:

Територијален интегритет загарантиран – Нема да се создаде Република Српска во Косово, тврди Роде

t

Германско-францускиот предлог за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина не предвидува никаква „Република Српска на Косово“, тврди германскиот амбасадор во Приштина Јорн Роде во интервју за Радио Косово. Роде истакна дека Германија е задоволна од позитивните резултати од дијалогот, кои беа постигнати на средбата во Брисел и нагласи дека се очекува одлучувачки напредок од Косово и Србија во следните десет дена, за да се разјасни механизмот за спроведување на договорот.

На прашањето дали европскиот план ќе ги реши проблемите меѓу Косово и Србија, Роде рече дека тие јасно ставиле до знаење дека ова е само чекор на патот кон целосна и сеопфатна нормализација.

Суштината на овој план е, така да се каже, возот да се стави на шини и ако се спроведе договорот, тогаш сме се приближиле до целта, бидејќи тоа е де факто признавање на Косово од Србија, тврди Роде.

Германскиот амбасадор очекува дека двете страни ќе се држат до она што го ветија во Брисел.Тој тврди дека има временска рамка за спроведување на договорот.

Се надеваме дека до крајот на месецот ќе има обединување на ставовите за да се потпише договорот. Значи, постои временски притисок да се постигне ова, бидејќи имаме геополитичка ситуација со војна во Европа, чие влијание врз политичкиот и економскиот план се чувствува во секоја земја. Затоа, бараме локалните политички лидери да бидат одговорни за оваа ситуација и да постигнат компромис за доброто на нивните земји и за доброто на нивното население, рече Роде во интервјуто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…

Српската полиција денеска спровела голема акција во…

Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…

Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…

Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…

Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…

ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…

Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…

Собранието на Косово денеска усвои декларација со…