Терористички напад во Сомалија: Огромен број на загинати и повредени
Најмалку 48 лица загинаа, вклучително и една пратеничка, а 108 се повредени вчера кога двајца бомбаши самоубијци извршија напад во регионалната престолнина Беледвејн во централниот дел на Сомалија.
Пратеничката Амина Мохамед, која беше во Беледвејн во рамки на нејзината предизборна кампања, е меѓу убиените во самоубиствениот бомбашки напад, заедно со други политичари и припадници на безбедносните сили, изјави за ДПА портпаролот на полицијата Хасан Диисоу.
Според извештаите, мета на првиот напад била Мохамед, додека, неколку минути подоцна, вториот бомбаш-самоубиец кој управувал автомобил ги нападнал воените возила со жртвите од првата експлозија.
Одговорноста за нападот ја презеде исламистичката терористичка група Ал Шабаб преку радио станицата Андалус.
Нападот се случи истиот ден кога борците на Ал Шабаб насилно влегоа на аеродромот во Могадишу, при што според сомалиските власти загинаа осум лица.
Сомалија, каде живеат околу 16 милиони луѓе, со години го трпи насилството на Ал Шабаб. Терористичката група, која контролира огромни делови од територијата во јужните и централните региони, често напаѓа припадници на безбедносните сили и цивили. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рано утрово Душко ја фатил за коси…
Рано утринава околу 5 часот српската пејачка…
Осуденик од Идризово со остар предмет нападнал…
На 22.04.2024 во 15.54 часот во СВР…
САД и Британија изведоа нови напади над…
Соединетите Американски Држави и Велика Британија започнаа…
Хеликоптер на ОН присилно слетал во Сомалија,…
Сомалиската исламистичка група Ал Шабаб киднапирала патници…
Неколку израелски војници се повредени по напад…
Неколку израелски војници се повредени по напад…