Тетовец прободел човек, па се пријавил сам во полиција

t

Жител на селото Стримнца, тетовско пробол човек па сам се пријавил во полиција, соопшти МВР.

– Денеска (30.08.2024) во 14.15 часот О.И. (36) од с.Стримница, тетовско, самиот се пријавил во Полициското одделение Групчин откако во угостителски објект во селото Стримница со остар предмет му нанел убодна рана на Ф.Б. (33) од с.Стримница. Ф.Б. е пренесен во Клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош. Според пријавеното во СВР Тетово, претходно, околу 13.35 часот во дворот од џамијата во селото Стримница, Ф.Б., вербално го нападнал Б.С. (34), градоначалник на општина Желино, а физички го нападнал И.И., татко на О.И., по што се дал во бегство. Околу 14 часот, според пријавеното, Ф.Б. дошол во угостителскиот објект каде бил О.И., по што настанала расправија и О.И. му нанел убодна рана на Ф.Б.. СВР Тетово во координација со јавен обвинител од ОЈО Тетово презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот. – велат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тетовец прободел човек, па се пријавил сам…

Жител на селото Стримнца, тетовско пробол човек…

Уапсен возач на автобус од Тетово: Нудел…

Денеска (30.08.2024) околу 11.00 часот на наплатната…

(Видео) Голем пожар во млекара во тетовско…

Голем густ црн чад се надвиснува над…

Приведени двајца разбојници во Тетово

Во 20.45 часот на ул.„Иво Лола Рибар"…

Касами „леташе орли“ на Сицилија: Ни трага,…

Градоначалникот на Тетово е во посета на…