Тетовец прободел човек, па се пријавил сам во полиција
Жител на селото Стримнца, тетовско пробол човек па сам се пријавил во полиција, соопшти МВР.
– Денеска (30.08.2024) во 14.15 часот О.И. (36) од с.Стримница, тетовско, самиот се пријавил во Полициското одделение Групчин откако во угостителски објект во селото Стримница со остар предмет му нанел убодна рана на Ф.Б. (33) од с.Стримница. Ф.Б. е пренесен во Клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош. Според пријавеното во СВР Тетово, претходно, околу 13.35 часот во дворот од џамијата во селото Стримница, Ф.Б., вербално го нападнал Б.С. (34), градоначалник на општина Желино, а физички го нападнал И.И., татко на О.И., по што се дал во бегство. Околу 14 часот, според пријавеното, Ф.Б. дошол во угостителскиот објект каде бил О.И., по што настанала расправија и О.И. му нанел убодна рана на Ф.Б.. СВР Тетово во координација со јавен обвинител од ОЈО Тетово презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот. – велат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жена тешко повредена во Тетово, паднала додека…
Денеска во СВР Тетово е пријавено дека…
Училиштата во Тетово повторно мета на лажни…
Лажни дојави за бомби повторно ги вознемирија…
Хаос во Тетово: насилник ѝ се заканувал…
Пресметка меѓу повеќе членови на две семејства…
Маж од Тетовско две години ѝ барал…
Маж од Тетовско две одини ја уценувал…
Му побарале уплата на шалтер, тој го…
Инцидент се случил во Клиничката болница во…