Тетовец бара Касами да му купи нов бојлер: Му пpeгорел поради недocтиг на вода

t

Вези Елези од Тетово вели дека поради недостиг на вода во градот му се расипал бојлерот, поради што неговото семејство било ставено во опасност.

В понеделник наутро се разбудив да наполнам вода и видов дека бојлерот не пушта вода, бидејќи вода имаме два часа и потоа ја снемува. Потоа пак доаѓа час и пол, потоа еден час, и не можам да знам кога доаѓа, а кога ја снемува. Бојлерот повлекувајќи ја водата прегорел. Повикав мајстор, кој ми рече да го фрлам бидејќи веќе не работи и дека Господ нѐ сочувал, вели Вези Елези.

Неговата поплака му ја пренесе на градоначалникот Биљал Касами преку Фејсбук порака:

-Што велиш, ќе ми купиш нов?

-Оваа штета е поради водата, сега прегоре…

Но, Елези не добил никаков одговор од градоначалникот.

-Да, му ја пратив фотографијата на г.Биљал, тој ја видел, но не ми врати никаков одговор.

-Што му порача ти?

-Го замолив да го регулира прашањето со водата, бидејќи без вода не може да се направи ништо.

Тетово со недели мака мачи со недостиг на вода, како резултат на дефект на водоводната мрежа во Лешница. Од општината велат дека водоводната мрежа ќе почне да се санира кога ќе се подобрат климатските услови.

извор: ТВ21

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УЖАС: Тетовец ја претепал сопругата од која…

Ноќеска десетина минути по полноќ, полициски службеници…

Левица: Касами повика на рушење на уставниот…

Првиот човек на Движењето Беса и актуелен…

Левица: Касами ќе го реновира стадионот во…

„Во јули 2016 година, ‘Еколог интернешнл’, сопственикот…

Тетовец лишен од слобода: Полицијата најде огромна…

Полициски службеници на СВР Тетово во содејство…

Тетовец заврши во притвор: Извршил разбојништво во…

Мерка притвор е определена за 27 годишниот…