Тетовец возел со три промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајка
На 05.09.2026 во 13:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Р.Ј. (56) од с. Милетино, тетовско. Претходно, Р.Ј. управувајќи патничко возило „опел корса“ со тетовски регистарски ознаки, предизвикал сообраќајна незгода со материјална штета. При извршено алкотестирање, кај него биле измерени 3,00 промили алкохол во крвта. По насоки на јавен обвинител од ОЈО Тетово, поради основано сомнение за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик „безобзирно управување моторно возило“, возилото е одземено и по документирање на случајот, против него ќе следуваат соодветни поднесоци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тетовец возел со три промили алкохол во…
На 05.09.2026 во 13:00 часот, полициски службеници…
Тешка сообраќајка пред Блаце – долги колони…
Тешка сообраќајна несреќа се случи на патот…
Автомобил и автобус на ЈСП се судриле…
Патничка во скопски градски автобус вчера завршила…
Загина возач, автомобилот се запалил по удар…
Синоќа во 23:30 часот во СВР Охрид…
Полициски службеник повреден во сообраќајка со мотоцикл…
На 28 август 2026 година, во 20:42…