Тетовец заврши во притвор: Извршил разбојништво во неколку казина
Мерка притвор е определена за 27 годишниот жител на Тетово кој на 10 април беше приведен за тоа што во две казина извршил, а во едно имал обид за разбојништво.
Според информациите на СВР Тетово, вчера судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово му определил мерка притвор од 30 денови, а денес осомничениот е спроведен во КПУ Затвор Скопје.
– Дваесет и седумгодишниот тетовец Е.И. се сомничи дека на 9-ти и 10-ти овој месец извршил две разбојништва и еден обид за разбојништво во казина во Тетово. Заканувајќи им се на вработените со остар и тврд предмет, тој одзел извесна сума парични средства, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Затвореници во Гватемала преземаа контрола врз три…
Затвореници во Гватемала ја презедоа контролата врз…
Тетовец измамен за 64.000 евра
На 10.10.2025 во СВР Тетово, 51-годишник од…
Тетовец ги обоил со црвена боја регистарските…
Лишен од слобода тетовец, ги обоил со…
Пронајдени таблети кај осуденик во штипскиот затвор
Од затворот Штип вчера било пријавено дека…
(Видео) Ужасни услови во затворот во Куманово
Нема вода, а тоалетот кој го користат…