Тетовец оди во притвор, изнудувал пари
Судија во претходна постапка при Основен суд Тетово определи мерка притвор за 33-годишник од тетовска Голема Речица кој во понеделникот беше приведен поради пријава за изнуда на пари.
Според информациите од тетовската полиција определен е осум дневен притвор за осомничениот З. Д. (33) од Голема Речица кој ќе биде спроведен во КПУ Затвор Скопје.
СВР Тетово претходно информираше дека по преземени мерки било утврдено дека од средината на јануари 2023 година, З. Д. во неколку наврати изнудил вкупно 18.630 евра од лице од Тетово, уценувајќи го дека ќе објави фотографии со компромитирачка содржина.
– Според пријавеното, З. Д. во неколку наврати го организирал примопредавањето на парите преку такси-возач во Тетово. Имено, тој му се јавувал на оштетениот и му кажувал да ги предаде парите на возачот кој подоцна му ги доставувал нему, информираа од СВР Тетово.
Истото било направено и во текот на вчерашниот ден, при што биле затекнати од полициски службеници при примопредавање на парите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ѝ кажале дека ќерката прегазила дете –…
На 26.06.2025 во 17.30 часот во СВР…
Репрезентативец на Албанија доби мурал на ѕид…
Недим Бајрами, играчот од средниот ред на…
Насилник од Тетово му се заканувал на…
43-годишен жител на Тетово ќе одговара за…
Mедициските сестри од Тетово најавија протест во…
На медицинските сестри од Клиничката болница Тетово,…
Во голем дел од тетовско утре ќе…
Утре, 3 јуни 2025 година (вторник), повеќе…