Тетовец оди во притвор, изнудувал пари

t

Судија во претходна постапка при Основен суд Тетово определи мерка притвор за 33-годишник од тетовска Голема Речица кој во понеделникот беше приведен поради пријава за изнуда на пари.

Според информациите од тетовската полиција определен е осум дневен притвор за осомничениот З. Д. (33) од Голема Речица кој ќе биде спроведен во КПУ Затвор Скопје.

СВР Тетово претходно информираше дека по преземени мерки било утврдено дека од средината на јануари 2023 година, З. Д. во неколку наврати изнудил вкупно 18.630 евра од лице од Тетово, уценувајќи го дека ќе објави фотографии со компромитирачка содржина.

– Според пријавеното, З. Д. во неколку наврати го организирал примопредавањето на парите преку такси-возач во Тетово. Имено, тој му се јавувал на оштетениот и му кажувал да ги предаде парите на возачот кој подоцна му ги доставувал нему, информираа од СВР Тетово.

Истото било направено и во текот на вчерашниот ден, при што биле затекнати од полициски службеници при примопредавање на парите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Физички нападнати полицајци во Тетово!

На 16.08.2026 во 21:50 часот на ул.„Маршал…

Се запали „БМВ“ на тетовски паркинг

Патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски…

Групна тепачка со ножеви во Тетово

На 07.08.2026 во 23:50 часот во СВР…

Две девојки од Тетово скокнале од такси…

Две девојки од Тетово вчера скокнале од…

Тетовец ја претепал својата девојка, па се…

Триесет и двегодишна жителка на Тетово пријавила…