Тетовец се обидел да убие 17-годишник: Истрага против едно лице

t

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

Осомничениот 28-годишник, на 26 септември, во фабрика во селото Голема Речица, со умисла се обидел да лиши од живот 17-годишник, нанесувајќи му посекотини со скалпел кај вратот и десното уво. Оштетениот успеал да побегне, а осомничениот со скутер го напуштил местото на настанот.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност да се даде во бегство или да го повтори односно да го доврши обиденото кривично дело.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УЖАС: Тетовец ја претепал сопругата од која…

Ноќеска десетина минути по полноќ, полициски службеници…

Тетовец лишен од слобода: Полицијата најде огромна…

Полициски службеници на СВР Тетово во содејство…

Тетовец заврши во притвор: Извршил разбојништво во…

Мерка притвор е определена за 27 годишниот…

Тетовец уценувал млада девојка дека ќе објави…

СВР Тетово поднесе кривична пријава за Ш.С.(18)…

Позајмл 70.000 барал да му се вратат…

Против лице од Тетово поднесена е кривична…