Тетово руши рекорди! 266 казни за брзо возење за едно деноноќие!
На 08.12.2022 во периодот од 08.00 до 20.00 часот на тетовско-гостиварското подрачје, полициски службеници на СВР Тетово спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната.
При контролата биле откриени и законски санкционирани вкупно 154 возачи (ТЕ-91 и ГВ-63) кои ја пречекориле максимално дозволената брзина надвор од населено место.
Од нив, 17 возачи (ТЕ-10 и ГВ-7) ја пречекориле брзината за над 70 километри на час, 72 возачи (ТЕ-52 и ГВ-20) до 70 километри на час и така натаму. Во контролата санкционирани се и 112 возачи (ТЕ-79 и ГВ-33) кои ја пречекориле пропишаната брзина во населено место, како и 33 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-14 и ГВ-19).
На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со предвидените парични глоби кои, зависно од големината на пречекорувањето, се движат од 20 до 400 евра во денарска противвредност. За прекршителите кои пречекориле повеќе од 30, односно од 50 километри на час, ќе следува и заштитна мерка времено одземање на возачките дозволи од три месеци до една година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жена тешко повредена во Тетово, паднала додека…
Денеска во СВР Тетово е пријавено дека…
Училиштата во Тетово повторно мета на лажни…
Лажни дојави за бомби повторно ги вознемирија…
Хаос во Тетово: насилник ѝ се заканувал…
Пресметка меѓу повеќе членови на две семејства…
Маж од Тетовско две години ѝ барал…
Маж од Тетовско две одини ја уценувал…
Му побарале уплата на шалтер, тој го…
Инцидент се случил во Клиничката болница во…