Тетовската полиција со кампања за безбедност во сообраќајот – да не се вози кога се пие алкохол

t

Тетовските полицајци од утре започнуваат кампања со која целта е да се предупредат возачите да не управуваат возила под дејство на алкохол и во празнични денови. Полицијата со летоци ќе ги советува граѓаните да не возат под дејство на алкохол за да не ја доведуваат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.

-Заедничка цел на оваа активност на СВР Тетово-Отсек за превенција е подигнување на сообраќајната свест и култура на возачите, дури и во највеселите-празнични и други мигови да се воздржат од управување на нивните возила под дејство на алкохол и да ја доведуваат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници, возачи и пешаци, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Полициски службеници на Отсекот за превенција ќе делат наменски изработени летоци на македонски и на албански јазик и освежувачи за возила.

Како што рече Јосифоски, станува збор за летоци со пораки:„Ако пиеш не вози, ако возиш немој да пиеш!“, „За весели моменти, насмевки и доживувања вози одговорно!“, „За тие што те сакаат и за тие што ги сакаш, почитувај ги сообраќајните правила и прописи“, „Љубовта оправдува многу нешта, но не и загрозување на безбедноста во сообраќајот“.

Кампањата е насловена „Честит празник на љубовта и виното“, а ја реализираат заеднички Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност-Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прекинат транспортот на нафта за рафинеријата во…

Транспортот на сурова нафта преку Јадранскиот нафтовод…

Словенечка или австриска банка кои оперираат во…

Словенечка или австриска банка кои оперираат во…

Ива Михаилова се појави и на БНТ…

По гостувањето во поткаст, во кое наведе…

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до…

Инстант лозот „Макси златна рипка“, на Државна…

Палмер: Македонија направи сè што побара ЕУ,…

Македонија направила сè што Европската унија побарала…