Тетовчанка остана без дневна светлина, соседот изградил зграда веднаш до прозорецот, за општината и државата се е чисто
Народната изрека „на еден да му се стемни, за на друг да му се раздени“ буквално се остварува кога општина Тетово носи урбанистички одлуки – пренесува телевизија Телма.
Иако еднаш го одбила барањето за градба, истата служба подоцна донела спротивна одлука. Резултатот: Живка Велјановска и нејзиниот сосед останале без дневна светлина поради новоизграден објект веднаш до нивната куќа.
Во собата на Велјановска нема ниту зрак природна светлина откако покрај нејзината куќа бил изграден нов објект.
Таа за Телма изјави дека институциите носеле контрадикторни решенија и дека со месеци се обидува да добие правична реакција.
Иако, според Велјановска, не е почитувано минималното растојание меѓу објектите и прозорците се целосно блокирани, шест месеци чека одлука од Управниот и Вишиот управен суд.
„Се соочуваме со неправда и постојани проблеми со соседот. Инспекции и полиција сме викале, но никој не реагира“, изјави таа за Телма.
Општина Тетово и Министерството за транспорт и врски велат дека документацијата е во ред и дека постапките се водат согласно Законот за општа управна постапка. Случајот е уште во тек.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нетанјаху: Продолжуваме да го напаѓаме тероризмот на…
Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, отворајќи го…
Владата тврди дека ништо не се прикрива…
Владата ја отфрли критиката на опозицијата дека…
Судот во Кочани одлучи за притворот на…
Ефективен притвор или домашен притвор со 24…
Костадинов: Општина Струмица ги намали платите на…
Екс-градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов објави…
Нема мрдање од уставните измени – Георгиев:…
Многу пати разговарав со Тимчо Муцунски. Тој…