Владата тврди дека ништо не се прикрива околу ИПАРД: „Апсолутно го отфрламe ова тврдење“
Владата ја отфрли критиката на опозицијата дека се прикриваат информации во врска со суспензијата на средствата од ИПАРД програмата, нагласувајќи дека институциите постапуваат отворено.
На прес-конференција, портпаролката Марија Митева јасно порача:
„Апсолутно го отфрлам ова тврдење дека се крие нешто во однос на таа постапка. Знаете дека сме максимално транспарентни.“
Таа додаде дека очекува Министерството за земјоделство и останатите надлежни институции, меѓу кои и судските органи кои работат независно од извршната власт, да ги споделат своите информации за состојбите.
Од опозицискиот СДСМ реагираа со обвинувања дека министерот Цветан Трипуновски избегнува да одговори на суштинските прашања по обелоденувањето на случајот. Портпаролката Богданка Кузеска изјави дека „две недели по скандалот за ИПАРД, наместо да даде одговор на клучните прашања, министерот Цветан Трипуновски бега од одговорност, од вистината за суспензијата на парите а бега и од одговори“.
Средствата од ИПАРД 3 програмата (2021–2027) се привремено стопирани како мерка на претпазливост, поради сомнежи во работењето на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Исплатите се прекинати додека трае процесот на утврдување на евентуалните неправилности со цел заштита на европските фондови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вероника Консевиќ обезбеди бронза за Македонија во…
Македонија освои уште еден медал на Медитеранските…
Србија набавува офанзивно оружје, тоа треба да…
Европа мора да ја зајакне сопствената безбедност…
Зеленски: Велика Британија и Франција го деблокираа…
Украинскиот Претседателот Володимир Зеленски денес изјави дека…
Елмас официјално претставен во дресот на Аталанта:…
Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вечерва на…
Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…
Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…