Тетовчанка уценувала маж со кој била во врска: „7.000 евра или ќе ѝ кажам на жена ти“
Жителка на Тетово три години уценувала маж со кој била во вонбрачна врска, заканувајќи му се дека ќе ѝ каже на неговата сопруга за врската, но и за детето кое наводно било негово, соопшти МВР.
Мажот, чија возраст и место на живеење полицијата не ги соопштува, на крајот решил да ја пријави уценувачката во полиција.
„СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.М.(51) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“. Пријавената, изминатите три години го уценувала поранешниот вонбрачен партнер, барајќи му 7.000 евра, заканувајќи се дека во спротивно ќе ја извести неговата сопруга за нивната врска и за детето кое наводно било негово“, пишува во полицискиот билтен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пред 85 години првпат е изведена песната…
На денешен ден, 8 ноември, пред точно…
Нови случаи на семејно насилство: закани со…
Маж се заканувал со дрвен предмет на…
Митровден бил домашната слава на светите Кирил…
Силен, воинствен, неустрашив генерал му требало на…
НМКД наместо МКД: Во Грција прекршен меѓународниот…
Грчката национална телевизија ЕРТ го прекрши меѓународниот…
СДСМ СКОПЈЕ: ТОШКОВСКИ И НАДЛЕЖНИТЕ МОРА ДА…
Градската организација на СДСМ Скопје побара одговорност…