Техничкиот премиер на Бугарија: Не сакаме да се мешаме во внатрешните работи на Македонија
„Бугарија не сака да се меша во внатрешните работи на Република Македонија. Уставните измени и носење други закони секоја држава треба да ги решава согласно внатрешната практика. Не е точна интерпретацијата дека ние сме сакале да учествуваме во тој процес“.
Ова го изјави бугарскиот технички премиер Галаб Донев во интервју за БТВ. Тој потсети дека државава презела ангажман да ги вклучи Бугарите во Уставот заедно со сите народи, со што ќе им бидат гарантирани нивните права.
Според Донев, нормално е Македонија да ја исполни преземената обврска.
„Затоа што Република Македонија, потпишувајќи го договорот за присоединување и отпочнување преговори со ЕУ, го потпиша тој договор со сите земји членки“ – рече Донев.
На прашање дали Бугарија треба да стави повторно вето на земјава за членство во ЕУ, Донев рече дека тоа не е најправилното решение. Потсети дека треба да се бара позитивен дијалог и можнсти за приближување на позициите.
„Бидејќи Република Македонија има желба да стане членка на ЕУ, треба да ги почитува принципите врз кои се темели Унијата“ – изјави Донев.
Министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков вчера појасни дека „процесот на промена на Уставот секако е внатрешна работа на Република Македонија“, но, нагласи дека „Бугарија нема да прифати никаква формулација со која на македонските Бугари ќе им се додели статус што на кој било начин е различен од оној од другите уставно признати делови од народите во Република Македонија“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Протест во Софија: „Русија да си…
Протест под мотото „Вашиот „мир“ е капитулација!…
Нападите со дронови во Црното Море го…
Шест бродови се откажале од пристигнување во…
И од Бугарија бегаат криминалци: Двајца обвинети…
Двајца мажи со германски пасоши, осомничени за…
(Видео) „Бугарија е заробена држава од руските…
Поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев, четворица поранешни…
Бугарскиот министер за одбрана: Побаравме од НАТО…
Интензитетот на нападите во Црното Море се…