ТЕШКА КРАЖБА: 22-годишник ограбил службено возило, фатен преку ДНК траги – ова се деталите

t

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 22-годишник, на 16.07.2024 година, од автомобил во сопственост на Државниот завод за ревизија паркиран во центарот на Скопје одзел ташна со предмети во вкупна вредност од околу 50.000 денари.

Кражбата ја извршил кршејќи го стаклото на предната лева врата од автомобилот, ги одзел предметите и веднаш избегал. Бил идентификуван врз основа на ДНК траги пронајдени во ограбеното возило.

Оценувајќи дека постои опасност обвинетиот повторно да се даде во бегство, јавниот обвинител предложи неговото присуство да го обезбеди со притворска мерка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Млада битолчанка со остар предмет го нападнала…

Вчерашната вечер не се покажала како празнична…

Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…

„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…

Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…

Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…

Трајко Славески за лошите резултати на учениците:…

Во објава на социјалните мрежи, актуалниот гувернер…

Од сабота „Безбеден град“ и во Велес

„Безбеден град“ од сабота, 12 септември, почнува…