Тешка сообраќајка кај Никити на Халкидики – Загинаа мајка, татко и бебе, мало дете се бори за живот
Татко, мајка и нивното бебе загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчеравечер на регионалниот пат Неа Мудања – Никити на Халкидики, додека нивното тригодишно дете е тешко повредено и пренесено во болница.
Според грчките медиуми, несреќата се случила околу 18:30 часот, кога дошло до судир меѓу цистерна и патничко возило во кое се наоѓало четиричлено семејство.
Во автомобилот патувале двајца родители со своите две малолетни деца. Според првичните информации, возилото било со странски регистарски таблички, а неофицијално се наведува дека станува збор за семејство од Молдавија.
По пријавата за несреќата, на местото веднаш пристигнале екипи на противпожарната служба и Итната медицинска помош. Пожарникарите со специјална опрема започнале акција за извлекување на повредените од возилото.
Жената и бебето биле извлечени без знаци на живот. Таткото и тригодишното дете биле извлечени со тешки повреди и веднаш транспортирани во болница, но мажот им подлегнал на повредите.
Во спасувачката акција учествувале осум пожарникари со три противпожарни возила, а на терен биле и екипи на грчката итна медицинска помош (ЕКАБ).
Причините за несреќата сè уште се утврдуваат, а надлежните органи започнале истрага за околностите под кои дошло до трагичниот судир.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Излезноста на изборите во Србија до 18…
Според најновите податоци на Републичката изборна комисија…
Зеленски: Оваа недела Русија ја нападна Украина…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во…
ИЗРАЕЛ ЈА ПОДИГНА ВОЕНАТА ГОТОВНОСТ НА НАЈВИСОКО…
Израелските вооружени сили ја зголемија борбената готовност…
Пентагон ги подготвува американските воени бази да…
Пентагон подготвува американските воени бази да продолжат…
Белград се полни со специјалци: Жандармеријата во…
Припадници на српската Жандармерија со автобуси влегоа…