Тешка сообраќајка меѓу три возила во Тетовско – повеќе лица се повредени, меѓу нив и две деца

t

Во СВР Тетово вчера во 10:35 часот било пријавено дека на регионалниот пат с.Желино-Тетово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со италијански национални ознаки, управувано од Љ.П.(44) од с.Голема Лешница, тетовско и патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Х.Љ.(40) од с.Добарце, тетовско, по што било удрено во паркирано патничко возило „јагуар“ со тетовски регистарски ознаки, паркирано од А.З.(31) од с.Требош, тетовско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на  возилото „бмв“ Љ.П., додека со телесни повреди неговиот сопатник Ј.Е.(20), како и возачот од патничкото возило „голф“ и неговите сопатници Г.Ј.(41), Л.С.(43) и две деца на возраст од пет и шест години, констатирани во Клиничка болница Тетово.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово, соопшти полицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трагедија: Маж загина откако со мотоцикл удри…

На 06.09.2026 година околу 13:00 часот во…

Тетовец возел со три промили алкохол во…

На 05.09.2026 во 13:00 часот, полициски службеници…

Тешка сообраќајка пред Блаце – долги колони…

Тешка сообраќајна несреќа се случи на патот…

Автомобил и автобус на ЈСП се судриле…

Патничка во скопски градски автобус вчера завршила…

Загина возач, автомобилот се запалил по удар…

Синоќа во 23:30 часот во СВР Охрид…