Тешка сообраќајна несреќа: Возило излета од патот Прилеп- Битола
Тешка сообраќајна несреќа: Возило излета од патот Прилеп- Битола
На 07.09.2026 во 10:30 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на патот Прилеп-Битола, во с.Тополчани, патничко возило „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.Н.(48) од Прилеп, излетало од патот.
Во несреќата, Т.Н. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Прилеп.
При преземање мерки и вршење увид било констатирано дека Т.Н. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно било констатирано присуство на 1,74 промили алкохол во крвта.
Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува соосветна пријава, информираат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопјанец добил казна од полицаец, па решил…
На 30.09.2026 во 15:40 часот во Скопје,…
Македонец загина во сообраќајка кај Лесковац
Македонскиот државјанин со иницијали М.Ј, возач на…
Се запали стан во Скопје, 11-годишно девојче…
Единаесетгодишно девојче вчера било пренесено во Комплексот…
Утре ќе нема струја до 14:30 часот…
Од Електродистрибуција информираат дека утре, четврток (1…
Tоварно возило прегази велешанка
Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера претпладне…