Тешка сообраќајна несреќа во Гостивар: Едно лице заврши во болница

t

На улица „Беличица“ во Гостивар вчера околу 23:00 часот се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Пежо“, управувано од Л.Ќ.(23) од Гостивар и патничко возило „Фолксваген голф“, кое го напуштило местото, информира Министерството за внатрешни работи.

-Со тешки телесни повреди се здобила Л.Ќ. констатирани во Медицински центар Гостивар. По преземени мерки возилото „голф” било пронајдено и било утврдено дека е сопственост на лицето Б.Ч.(43) од Гостивар, велат од МВР.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Вратено македонското знаме во Гостивар, полицијата…

Македонското знаме е вратено на место откако…

Паднал семафорот кај Гостивар, по патот има…

Силниот ветер вечерва предизвикува проблеми и материјална…

Продолжува потрагата по 27-годишниот Шемо Шабани од…

Речиси еден месец нема трага од 27-годишниот…

Малолетник натепан од мајка му и сестра…

Гостиварчанка пријавила во полиција физички напад врз…