Тешка сообраќајна несреќа: Едно лице загина
На регионален пат во атар на село Ќојлија, скопско, вчера попладне се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Х.(19) од с. Ќојлија, и патничко моторно возило „даеву матиз“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Р.(60) од с. Долно Коњари.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Х.Р. кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде починал, а смрт била констатирана од страна на лекар. Со тешки телесни повреди се здобиле возачот Б.Х. и сопатник од возилото “даеву матиз“ Љ.Г.(63) од Скопје, констатирани во Градската општа болница ‘Св.Наум Охридски’“, информира МВР.
Со телесни повреди се здобиле уште двајца сопатници од возилото „сеат ибица“ А.Д.(22) и И.Д.(24) двајцата од Скопје констатирани во Комлексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од јавен обвинител и од увидна екипа од СВР Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ѓорѓиевски: Завршена постапката за набавка на автобусите,…
Завршена е постапката за набавка на новите…
Протестен марш во Скопје за поддршка на…
Со почеток во 14 часот во Скопје…
Најавена е директна авиолинија меѓу Скопје и…
„Од почетокот на март следната година, ќе…
Зоолошката градина во Скопје слави 100 години…
По повод големиот јубилеј, 100 години од…
(Видео) Жестока тепачка на скопскиот аеродром, во…
На социјалните мрежи денеска се појавија видеа…