Тешка сообраќајна несреќа кај Требиње: Две лица загинаа, неколкумина се повредени
Две лица загинаа, а повеќе се повредени кога автобус удрил во рид во Дражин Дол кај Требиње, соопшти полициската управа Требиње, јавуваат српските медиуми.
Сообраќајната несреќа се случила околу 6 часот и 30 минути.
„Во тешка сообраќајна несреќа во Дражин Дол загинаа возачот на автобусот и еден патник“, потврдија во Окружното јавно обвинителство Требиње.
Повредени се девет патници од автобусот, кој превезувал работници на екскурзија од Бања лука.
Сите повредени се хоспитализирани во болницата Требиње, но се уште е рано да се зборува за степенот на нивните повреди. Сите екипи на итната помош биле на терен и ги пренеле повредените во болницата Требиње.
Автобусот од засега неутврдени причини изгубил контрола над возилото и удрил во рид од страната на патот.
Во тек е истрага, а затворен е и патот од правец на Требиње.
Истрагата ја вршат полициски службеници од Полициската станица за безбедност во сообраќајот Требиње.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Притвор за Мацура и вработени во Алта…
Вишиот суд во Белград им одреди притвор…
Вучиќ: Криминалците ја преземаат контролата и ја…
Александар Вучиќ, носителот на листата „Обединета Србија“,…
СРПСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО НЕ РАЗБРАЛО ШТО Е ГОТОВИНА,…
Форбс Србија анализира како функционираат банкарските трезори,…
ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ВИСОКИ ПОЛИЦИСКИ ФУНКЦИОНЕРИ ВО…
Вишиот суд во Белград им одреди притвор…
Газдата на „Алта банка“ е приведен во…
Во Србија ноќеска е приведен Давор Мацура,…