Тешка сообраќајна несреќа на паркингот на скопскиот аеродром
Вчера во 18.10 часот на паркинг просторот на Меѓународен аеродром Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф” со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(41) од Скопје и патничко возило „форд фокус” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.М.(46) од Прилеп.
По несреќата возачот А.А. и неговите сопатници Ќ.А.(66) и малолетник, двајцата од Скопје, биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза”, каде на Ќ.А. ѝ се констатирани тешки телесни повреди, а на А.А. и на малолетниот сопатник им се констатирани телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Експлозија во стан во Аеродром!
На 09.11.2026 во 04:50 часот во СВР…
По пет години пауза, од 1 април…
Македонските патници од 1 април 2027 година…
Авион што летал од Германија за Турција…
Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…
Скопјанец снимен како од камион истура градежен…
50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…
Скопјанец измамил познаничка за 25.000 евра —…
Полицијата вчера уапси скопјанец бидејќи ја измамил…