ТЕШКИ СООБРАЌАЈКИ ВО СЕЛО САРАЈ И ВО ДЕЛЧЕВО; Во болница завршиле двајца пешаци со сериозни повреди

t

Во неделата се случиле две тешки сообраќајки во село Сарај и во Делчево, а двајца пешаци завршиле во болница со тешки телесни повреди.

„На 17 ноември 2024 година, во 16.00 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на ул. 20 во с.Сарај, скопско, патничко возило ‘бмв’ со скопски регистарски ознаки, управувано од 58-годишниот И.Ј. од с.Глумово, скопско, удрило во 51-годишната С.С. од с.Сарај“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.С., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски” во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Во 17.50 часот, пак, во Полициската станица Делчево било пријавено дека на ул. Светозар Марковиќ во Делчево, патничко возило „шкода“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од З.О.(48), удрило во пешакот Т.А.(57), двајцата од Делчево.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денес се празнува Светиот маченик Созонт

Родум од Ликаонија. Беше овчар, а во…

Метео: Видете какво ќе биде времето денес

Променливо облачно и топло со сончеви периоди.…

САД со глобално предупредување до своите граѓани:…

Американскиот Стејт департмент издаде Worldwide Caution –…

САД со серија безбедносни предупредувања низ Блискиот…

Во период од само неколку часа, американските…

Ле Пен и Бардела со драматична промена…

Француската десница испрати едно од своите најостри…