Тешко вака до 61 пратеник: Според анкетата на Божиновски, Европскиот блок би имал пратеник повеќе од ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ5!
Aнкетите на Институтот за политички истражувања – Скопје на анлитичарот Владимир Божиновски, кој е близок до опозициската ВМРО-ДПМНЕ, покажува дека Европскиот блок ќе освои повеќе пратеници од опозицијата во петтата изборна единица, каде што се наоѓаат Битола и Охрид.
Според објавените резултати за петтата изборна единица, за ВМРО-ДПМНЕ се изјасниле дека ќе гласаат 19,8 отсто од гласачите, за СДСМ 13,6 отсто, за ДУИ 6,1 отсто, за коалицијата „Европски сојуз за промени“ – 2,1 отсто, за Алијанса за Албанците – 2,8 отсто, за Левица се изјасниле 2,9 отсто и за ЗНАМ – 2 отсто.
Претворено во мандати тоа би значело дека ВМРО-ДПМНЕ ќе освои 9 пратеници, СДСМ 6, ДУИ 3, Алијанса за Албанците 1, исто колку и Левица.
Тоа значи дека Европскиот блок, составен од СДСМ, ДУИ, Алијанса за Албанците, ЛДП, ДОМ, ВМРО-Народна партија би освоиле 10 мандати од петтата изборна единица, наспроти 9 на ВМРО-ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски од Диселдорф: Македонија 15 години не…
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Македонија веќе…
Во Солун уапсен маж кој се барал…
Во Солун синоќа бил уапсен 43-годишен маж,…
Клековски најави формирање комисија за случајот со…
Министерот за здравство Сашо Клековски најави формирање…
„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…
„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…
Зеленски се надева дека резултатите од американските…
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека се…