Објавено на:

Тешко на Вардар со вакви нефудбалски луѓе!

t

Миленко Неделковски е главен виновник за катастрофалните резултати на нашиот најтрофеен фудбалски колектив во државава, ФК Вардар на стартот од новата натпреварувачка сезона во ПМФЛ.

Овој човек нема ни ,,Ф” од фудбалско познавање и во никој случај не треба да повлекува фудбалски потези во ниту еден единствен македонски фудбалски клуб, а најмалку во најтрофејниот. Еден тон еуфорични статуси и најави пред почетокот на сезоната од Неделковски на неговите страни на социјалните мрежи. Лажна слика за квалитетот на странските играчи. Споредување на нов фудбалер со замислете Нголо Канте и дека такoв немало во мак-фудбал, а на зелените терени, онаму каде што треба да се покажат фудбалерите една голема – НУЛА. Го прашуваме Неделковски што мисли, зошто фудбалска величина и човек кој разбира фудбал го пушти Дианеси да си замине од Струмица? Каде ли го најде Ким, играч кој не е достоен да го носи дресот на Вардар и да потполнува место странец во ростерот на Вардар.

Тоа не е се. Аматеризмот на Неделковски и луѓето околу него во управата на Вардар продолжува и со ангажирањето на двајца кондициони тренери дури од далечната Аргентина кој (според играчи на Вардар кои нема да ги именуваме) се жалат дека овие кондициони тренери прават програми и тренинзи кои дополнително допринесуваат за повреди на самите фудбалери на Вардар…

Сакаме јавно, јасно и гласно да му порачаме на Неделковски и на луѓето околу него да ги послушаат навивачите на Вардар, оние кои неуморно работеа дење и ноќе, оние кои го издигнаа Вардар на едно убаво ниво и му го нанесоа епитетот ,,Вардар клуб на народот’’ , да си заминат и да ги остават за доброто на Вардар да работат луѓе кои знаат како се работи во еден фудбалски клуб и како се прави еден респектабилен прволигашки фудбалски ростер.

Со пушење пури и сликање, Вардар нема аир да види!

Фото: Кочо Сотировски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковеси: Европското обвинителство ќе биде „тивко уништено…

Буџетски ограничувања и бирократска инерција ја загрозуваат…

(Фото) Апасиев во Москва се сретна со…

Делегација на Левица, предводена од лидерот на…

Путин: Илон Маск е вистински гениј!

Рускиот претседател Владимир Путин го пофали Илон…

ИСКРА ХАЏИ ВАСИЛЕВА, КОЈА НА СУДИЈАТА ЃОКО…

Искра Хаџи Василева е новата Јавна обвинителка…

ЕУ СЕ ОТКАЖУВА ОД ИДЕЈАТА КАНАДА ДА…

Европската Унија се откажала од идејата на…