Тешко повредена 23-годишна девојка од Битола во сообраќајка кај преминот „Меџитлија“
Девојка е тешко повредена во сообраќајна несреќа која се случи синоќа на патот Битола – Граничен премин Меџитлија.
– На 21.11.2025 во 19.55 часот во СВР Битола е пријавено дека на патот Битола – Граничен премин Меџитлија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 23-годишна битолчанка и патничко возило „фолксваген поло“ со грчки регистарски ознаки, управувано од 30-годишник од Република Грција – соопштија од полицијата.
Со тешки телесни повреди се здобила 23-годишната битолчанка, констатирани во Клиничка болница Битола.
По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Брутално семејно насилство во Скопје: Маж со…
Скопската полиција уапсила 53-годишен маж поради сомнение…
Во сообраќајка загина 58 годишник од струмичко…
МВР информира дека рано утринава околу 02:00…
Малолетник (15) од тетовско Боговиње е ранет…
МВР информира дека вчера попладне во 14:10…
15-годишно момче донесено во болница без знаци…
15-годишно момче од Гостивар било донесено во…
Возач на тротинет удри во пензионерка во…
МВР информира дека завчера попладне околу 14:00…