Тешко повреден малолетен возач на електричен тротинет откако бил удрен од автомобил

t

Малолетник е тешко повреден откако управувајќи електричен тротинет бил удрен од автомобил во скопското село Мојанци.

„Вчера во 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„21“ во с.Мојанци, општина Арачиново, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Б.(36) од с.Сингелиќ, скопско и електричен тротинет, управуван од малолетник од с.Мојанци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ “, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МОН најавува поголема поддршка за науката: Пристап…

Министерството за образование и наука соопшти дека…

Трамп рече дека не планира нови напади…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека планира…

Над 90 уапсени во Србија за две…

Повеќе од 90 лица се уапсени во…

Киев Индипендент: Сите зборуваат за Трета светска…

Шведска вложува во војската, ги обновува јавните…

Техеран ги отфрли обвинувањата за хакирање на…

Иранското Министерство за надворешни работи ги отфрли…