Тешко повреден 93-годишен пешак во Кавадарци по удар од „југо“
Пешак во Кавадарци е тешко повреден откако во него удрило „југо“, информираа попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Вчера во 14:20 часот во ОВР – Кавадарци е пријавено дека на улицата „Мито Хаџи Василев“ во градот, патничко возило „југо“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Ц.П., на возраст од 58 години од Кавадарци, удрило во 93-годишниот пешак Д.К. од Кавадарци. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница – Кавадарци, појаснија од СВР – Велес.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР – Кавадарци.
Инаку, СВР – Велес изминатото деноноќие евидентирал и две пријави за физички напади во Тиквешко.
– Денеска во 1:25 часот во ОВР – Неготино, Б.Ј., 40-годишен неготинец, пријави дека во угостителски објект во градот, по претходна расправија, Т.Н., сограѓанин, физички го нападнал, при што употребил и стаклен предмет, појаснија од СВР – Велес.
Вчера пак, во 17 часот во ОВР – Неготино, А.М., на возраст од 24 години од село Криволак, неготинско, пријавил дека во селото бил физички нападнат од лицата со иницијали Н.Б. и С.Б..
Од СВР – Велес потенцираа дека се преземаат мерки за расчистување на настаните.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трагедија: Маж загина откако со мотоцикл удри…
На 06.09.2026 година околу 13:00 часот во…
Тетовец возел со три промили алкохол во…
На 05.09.2026 во 13:00 часот, полициски службеници…
Тешка сообраќајка пред Блаце – долги колони…
Тешка сообраќајна несреќа се случи на патот…
Автомобил и автобус на ЈСП се судриле…
Патничка во скопски градски автобус вчера завршила…
Загина возач, автомобилот се запалил по удар…
Синоќа во 23:30 часот во СВР Охрид…
