Тие што заминуваат треба да ги вратат мандатите, вели Димитриевски

t

Претседателот на движењето ЗНАМ од Прилеп порача дека партијата не се бори за функции туку за подобар живот на граѓаните, а за советниците и пратениците кои заминале, истакна дека најчесно е да го вратат мандатот добиен од партиските гласачи.

Движењето ЗНАМ не е во власта за функции, туку за да биде коректив и примарна движечка сила за општествени промени кои ќе им овозможат подобар живот на сите граѓани, рече претседателот на партијата, Максим Димитриевски, од панел-дискусијата во Прилеп организирана под мотото „Европско ЗНАМ, за европска иднина и европска Македонија“.

Тој кажа дека целта на партискиот караван е преку непосреден разговор со граѓаните да се слушнат сите нивни позитивни и негативни критики, со цел партијата поефикасно да дејствува како владин партнер.

„Кога решивме да бидеме дел од власта, рековме дека не се бориме за функции, туку, првенствено, за подобрување на животната состојба на граѓаните. Токму и целта на овој караван е да поразговараме со граѓаните, да ги слушнеме сите позитивни, но и негативни критики со цел каков придонес може да даде ЗНАМ во своето работење како партиципиент во власта. Ќе разговараме на поголем број отворени теми и повеќе сегменти од секојдневното живеење во Македонија“, кажа тој.

Во однос на одлуката на единствената советничка од ЗНАМ во Советот на Општина Прилеп од неодамна да дејствува како независна, Димитриевски изрази жалење и посочи дека како нов политички субјект, нормално е сè уште да не ги познаваат сите членови кои им се приклучуваат. Претседателот н ЗНАМ рече дека и таа и пратеникот Миле Цеков ги имаат добиено своите позиции благодарение на довербата што граѓаните ѝ ја дале на партијата и најморално би било и двајцата да му ги вратат мандатите на движењето ЗНАМ бидејќи се освоени преку партијата.

„Таа треба на своите поддржувачи да им го даде вистинскиот одговор зошто донесла таква одлука. Најчесно би било не само таа, туку и пратеникот Миле Цеков, да го вратат мандатот на партијата, бидејќи тој е добиен преку партијата. Како и да е, ние не сме оптоварени со тоа прашање“, изјави Димитриевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тие што заминуваат треба да ги вратат…

Претседателот на движењето ЗНАМ од Прилеп порача…

Најновата анализа: Европа плаќа најскапи сметки за…

Најновата анализа на Visual Capitalist открива дека…

Дрска кражба во Драчево: Превртеле трансформатори од…

Дрска кражба во Драчево: Превртеле трансформатори од…

Клековски: Се забележува намалување на бројот на…

Министерот за здравство Сашо Клековски ја посети…