Тикток отстрани над половина милион видеа поврзани со војната меѓу Израел и Хамас

t

Платформата ТикТок соопшти дека отстранила 500.000 видеа и затворила 8.000 преноси во живо за војната меѓу Израел и Хамас, неколку дена откако ЕУ ја потсети на нејзината обврска да се бори против нелегалната содржина.

„Од 7 октомври, отстранивме повеќе од 500.000 видеа и затворивме 8.000 преноси во живо во дадената област, поради прекршување на нашите политики“, објави ТикТок на својот блог, додавајќи дека ги зајакнал своите тимови за контрола на содржината.

Во четвртокот, Брисел ја предупреди кинеската социјална мрежа, популарна меѓу младите, на нејзината обврска да се бори против „нелегалната содржина“ и „лажните информации“ во примената на новата регулатива на ЕУ за дигитални услуги (DSA).

„Имате посебна обврска да ги заштитите (корисниците) од насилна содржина… која се чини дека циркулира во голем број на вашата платформа без специфични безбедносни контроли“, напиша европскиот комесар за дигитални платформи Тиери Бретнон во писмо до шефот на ТикТок, Шу Зи Чу.

Европскиот комесар издаде слични предупредувања до платформите Мета, Х (поранешен Твитер) и Јутјуб, во време кога платформите се преплавени со насилни содржини и дезинформации за војната на Израел со палестинскиот Хамас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бен-Гвир ќе бара екстрадиција во Израел на…

Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир…

Нетанјаху тврди дека има „индикации“ за можни…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека постојат…

(Видео) Се снимал додека вози со неверојатни…

Снимка од грчки автопат привлече големо внимание…

Израел го уби шефот за финансии на…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) и Шин Бет…

Кац: Израелската армија е подготвена да ја…

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…