Објавено на:

Тимошенко: Победникот од оваа војна ќе го пишува новиот светски поредок!

t

Поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко смета дека сегашниот светски поредок не функционира и дека е потребен „строг европски безбедносен систем“, како и победа на Украина, бидејќи победникот во оваа војна „го пишува новиот светски поредок“.

Тимошенко во говорот на безбедносниот состанок во Виена предупреди на опасноста од безбедносен вакуум и рече дека Украина е само првиот чекор за рускиот претседател Владимир Путин.

„Сегашниот светски поредок не функционира. Русија, која има право на вето, го блокира Советот за безбедност на ОН“, подвлече таа.

Според неа, „сивите безбедносни зони“ мора да исчезнат, а таа постави реторичко прашање дали би избувнала војна доколку на Украина и се дадеше можност да стане членка во 2008 година.

Таа посочи дека ниту „тампон зоните“ не се решение.

„Треба да размислиме како можеме да го пополниме тој безбедносен вакуум“, рече Тимошенко, повикувајќи на строг европски безбедносен систем.

Таа рече дека целта на Путин, кога ќе се слушнат сите негови говори, е да ги собере сите оние сили кои не сакаат западно лидерство и се незадоволни од меѓународното право.

„Тоа е борба на целиот слободен свет. Украина мора да се бори и да победи, бидејќи победникот во оваа војна ќе го напише новиот светски поредок“, нагласи Тимошенко.

Во изјава за агенцијата АПА, Тимошенко рече дека ја разбира неутралноста на Австрија, но додаде дека „дополнителниот одбранбен систем“ нема да наштети.

Таа потсети дека Финска и Шведска одлучија да влезат во НАТО и додаде дека не сака да и дава совети на Австрија, туку да споделува украински искуства.

„И Украинците, како и многу Австријци, беа убедени дека никогаш нема да има војна против нивната земја. Австрија има единствена географска положба. Се граничи со шест членки на НАТО и не дели ниту една граница со потенцијална агресивна авторитарна земја. Но, секогаш е неопходно да се мисли дека колективниот систем за безбедност и одбрана секогаш има за цел одвраќање“, нагласи таа.

Украина, додава таа, не е членка на таков систем и затоа не била заштитена. Сега, според Тимошенко, цела Европа ги чувствува последиците, економските и заканите како што е опасноста од нуклеарен напад или загриженоста за нуклеарната централа Запорожје.

„Тоа се последиците од тоа што Украина е надвор од системот за колективна безбедност“, убедена е таа.

На прашањето дали Путин ќе употреби нуклеарно оружје, таа рече дека „треба да се тргне од најлошото сценарио“ и дека е „неопходно да се дејствува сега за да се спречи тоа“.

Тимошенко смета дека е неопходно да се проследи каталог со барања до Путин и дека не треба само да се бара напуштање на окупираните територии и ослободување на украинските воени заробеници, туку и да се постават рокови.

„Доколку Русија не ги почитува роковите, останува на членките на НАТО да реагираат силно заедно и да ја лишат Русија од можноста да продолжи да води војна“, рече таа.

Тимошенко рече дека Путин оди толку далеку колку што смета дека е потребно. Таа потсети дека во гасната криза во 2009 година, среде зима на минус 20 степени, Путин не се двоумел да ја прекине испораката на гас и покрај тоа што знаел дека деца и семејства ќе замрзнат.

„Ова покажува дека и тогаш тој ги користел испораките на гас како оружје“, подвлече Тимошенко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британија и Украина започнаа преговори за „стогодишно…

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон, кој…

(Видео) Орбан со чудна порака по повод…

Како што пренесува порталот „Унгарија денес“, Орбан…

Борел: Ако не е западното оружје, Украина…

Високиот претставник на Европската унија за надворешна…

Зеленски: Очекуваме силен руски напад кон крајот…

Украина се соочува со „нова фаза“ на…

Бербок ја обвини Русија за сајбер напад…

Германското Министерство за надворешни работи ги покани…